СОЧНО МАРИНИРАНО ПЕЧЕНО ПИЛЕ

СОЧНО МАРИНИРАНО ПЕЧЕНО ПИЛЕ

Процес на подготовка

Свежото пиле измијте го и посолете го убаво и одозгора и одвнатре со сол и бибер.
Премачајте го со масло. Направете неколку засеци во горниот дел и шпикувајте ги со неколку парчиња лимон и лук.
Внатрешноста на пилето наполнете ја со остатокот од лимон и чешнињата лук. Настрана исцедете сок од еден лимон во кој ќе додадете масло и ким.
Со овој сос прелијте го пилето. Оставете го во фрижидер 2-3 часа.
Рерната загрејте ја на 200 степени. Пилето ставете го во тава и покријте го алиминиумска фолија.
Печете го 40 минути. Тргнете ја фолијата, прелијте го со подготвениот сосот и печете го уште 20 минути на 180oC
Пријатно!